Опис
Како се користи:
(1) Извадете го USB приклучокот
(2) Вклучете го на полнење (Power Bank доаѓа заедно со елекот)
(3) Притиснете го контролниот прекинувач-копче за температура кој се наоѓа на градниот кош на елекот
(4) Задржете притиснато 2сек. за контрола н а температурата
(5) Црвено светло трепери за автоматско греење
(6) Автоматско греење: откако ќе затрепери црвеното светло по 5мин. се префрла на бело светло
(7) Рачно подесување со 3 нивоа: црвено за континуирано греење со висока температура, бело за континуирано греење со средна температура, сино светло за континуирано греење со ниска температура
(8) Притиснете и држете на прекинувачот за контрола на температурата поставен на градниот кош на елекот и задржете 2 сек. за да го исклучите светлото и греењето да престане
Упатство за перење:
Отстранете го напојувањето (Power Bank-от), додадете неутрален детергент и исперете рачно. Оставете испраниот елек природно добро да се исуши пред повторна употреба. Највисока температура за перење да биде 30 степени. Не користете избелувач, само лесно протријте и исперете рачно. Не се пегла.
Напомена:
- Не користете врела вода или силен детергент/прашок за перење
- Ве молиме исклучете го напојувањето и не употребувајте го елекот кога врне дожд
- Времето за употреба зависи од големината на капацитетот на полнење (што посилен Power bank, тоа подолготрајно греење)
- Не приклучувајте се директно на полнач за в струја, ве молиме исклучиво користете мобилен полнач (Power Bank) за полнење како извор на напојување.